ФЕРАРИ ПОВТОРНО НАЈБРЗИ ВО БАРСЕЛОНА

Раиконен најбрз на утрото на влажна патека

Кими Раиконен во Ферари беше најбрз на последното утро до тестирањето во Барселона, каде што дебитираа новите гуми за дожд на Пирели на вештачки навлажнетата патека

објавено: 2 март 2017 - 15:00

Откако камиони со вода поминаа на патеката, таа остана доволно влажна за гуми за дожд само во првиот час и малку возачи се обидоа да ги тестираат гумите. Раиконен и Макс Ферстапен во Ред Бул беа меѓу нив и двајцата имаа времиња од 1:40.

Потоа возачите се префрлија на „средни“ патеки и Ферстапен беше најбрз со 1:29.867, што остана најдобро време додека Раиконен не се префрли на „мазни“ гуми на час пред крајот на утринската сесија. Тој постави круг од 1:25.557, што е пет секунди послабо од времето на Себастијан Фетел во средата.

Роман Грожан имаше 1:22.739 за второ место со Хас, додека Штофел Фандорне беше трет за Мекларен со 1:23.918. Ферстапен падна на четвртото место, пред Серхио Перез (Форс Индија) и Нико Хулкенберг (Рено). Вилијамс не присуствуваа поради судирот на Ленс Строл во средата, а Валтери Ботас се појави само 15 минути во сесијата откако Луис Хамилтон не се појави на патеката, бидејќи самиот призна дека не сака да вози на дожд.

Најново во Авто-мото