ГО ИМАШЕ НЕОФИЦИЈАЛНОТО „ДЕБИ" ВО НОВ-СТАРИОТ ТИМ

Раиконен во болидот на Заубер, за прв пат по 2001 година

Кими Раиконен повторно се најде во кок-питот на Заубер по цели 17 години.

објавено: 28 ноември 2018 - 09:30

Тоа се случи на тестирањата на „Пирели" во Абу Даби.
Финецот возеше небрендирана Формула, а ја носеше кацигата која ја користеше во Лотус во 2012 година.

Како што е познато. „Ледениот Финец" пред некое време се раздели со Ферари чиј последен светски шампион е уште од 2007 година.
Кими не е и единствениот пилот кој нешто порано „дебитираше" во новата екипа.
Шампионот во Формула 2, Џорџ Расел, веќе се појави на пистата во болидот на Вилијамс, исто како и неговиот довчерашен ривал во истото натпреварување, Ландо Норис, кој сврти неколку круга со Мекларен Рено.
За екипата на Хас дебитираше Пјетро Фитипалди, внук на двократниот светски шампион Емерсон Фитипалди, кој пак доби улога на резервен возач.
А во опрема на Мерцедес се појави и Естебан Окон.
Шон Гелел денеска ќе го вози болидот на Торо Росо, затоа што неговиот тимски колега Александар Албан не е планиран за тестирањата во Абу Даби, макар што е присутен на патеката „Јас Мартина".
На патеката пак излегоа и Валтери Ботас, па и Себастијан Фетел, кој имаше едно излетување.
Тука се и Макс Ферстапен, Серхио Перес и Нико Розберг.
Утре се очекуваат и Пјер Гасли во Ред Бул, Антонио Џовинаци во Заубер, како и Карлос Саинс во Мекларен.

Најново во Авто-мото