ДРАМАТИЧНИ МОМЕНТИ НА Ф1 ТРКАТА

Раиконен згази механичар во „боксот“! (Видео)

Возачот на Ферари беше да ги замени гумите, но наместо рутинска смена, се случи инцидент

објавено: 8 април 2018 - 18:20

Кими Раиконен не ја заврши трката на патеката за големата награда на Бахреин и тоа поради еден несекојдневен инцидент. Додека Финецот беше во својот пит-стоп, да ги замени гумите, се случи инцидент. Мислејќи дека механичарите ја завршија својата работа и откако доби дозвола да се врати на патеката, Раиконент со болидот згази еден од механичарите. 

Од тимот на Ферари веднаш беше советувано Раиконен да го сопре болидот, што значеше и крај за него на трката. Механичахот на Ферари веднаш беше префрлен во болница.

 

Инцидентот се случи во 37 клуг, односно на точно 20 круга до крајот. 

Најново во Авто-мото