АВСТРИСКО-АНГЛИСКИОТ ТИМ СО ГОЛЕМИ АМБИЦИИ ВО 2017

Ред Бул РБ13 подготвен за борба

Ред Бул го покажаа својот болид за 2017 со кодно име РБ13, со кој ќе се обидат да ја прекинат доминацијата на Мерцедес во Ф1, која трае веќе три години

објавено: 26 февруари 2017 - 16:00

По хаотичната недела полна со промоции, во понеделник почнува првиот ден зимско тестирање на патеката Каталуња покрај Барселона. РБ13 има необична дупка на носот, перка како ајкула, елементи кои досега ги имаа сите тимови освен Мерцедес поради промената на аеродинамичките правила за новата сезона.

По импресивното второ место во 2016 со две победи, многумина сметаат дека Ред Бул се најверојатните фаворити покрај Мерцедес поради тоа што нивниот дизајн е направен од Адријан Њуи.

„Мислам дека одиме напред. Има чувство на оптимизам во тимот, дека ќе бидеме поблиску до Мерцедес со посилен мотор и со подобра шасија. Секогаш сме биле добри со промените на правилата, но Мерцедес повторно се фаворити“, вели шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер. 

Најново во Авто-мото