ПРОБЛЕМИ ВО ФРАНЦУСКИОТ ТИМ ПРЕД НОВАТА СЕЗОНА

Рено остана без шефот Васер

Шефот на Рено, Фредерик Васер си поднесе оставка од тимот на Енстоун пред стартот на сезоната 2017, најавувајќи хаотична сезона за францускиот тим

објавено: 11 јануари 2017 - 21:30

Французинот, кој имаше огромен успех во јуниорските формула категории како шеф на АРТ тимот, дојде во Рено на стартот на минатата сезона кога тимот почна со реструктуирањето по откупувањето на Лотус.

Васер работеше со шефот на Рено Ф1, Сирил Абитебул на поставувањето на нови луѓе во тимот, а во средината на сезоната беше поставен за шеф на тим, додека Абитебул се врати во фабриката во Енстоун. Причината за заминувањето е различната визија за развој на тимот.

„Имаше премногу различни визии за менаџирање на тимот, така што сега е најдобро јас да заминам. Ако сакате перформанси во Ф1, тогаш треба да имате еден лидер во тимот и тој да оди во еден правец. Кога имате две различни визии, тогаш завршувате малку работа. Ова е мала фрустрација, но мислам дека делумно завршив добра работа - посебно во односот на носење на нови луѓе и во реконструкција на тркачкиот тим“, вели Васер.

Најново во Авто-мото