ФРАНЦУСКИОТ ТИМ РАЗМИСЛУВА ЗА НОВО ПАРТНЕРСТВО

Рено почнаа со преговори со Мекларен

Францускиот автомобилски гигант Рено потврди дека постоеле преговори со тимот на Мекларен за можно снабдување со мотори веќе во 2018 година

објавено: 25 август 2017 - 22:20

Мекларен уште нема одлучено дали ќе го продолжи партнерството со Хонда на уште една година или ќе направи трансфер на друг производител, со Рено како најреална опција. Хонда неодамна доби помош од експертите за Ф1-мотори „Илмор“ во подобрување на перформансите, во обид да ги убедат луѓето од Мекларен да продолжат со нив.

Рено во моментов има сопствен Ф1-тим, а ги снабдува и тимовите на Ред Бул и Торо Росо, така што не би сакале да имаат и четврт тим, но директорот на Рено Ф1, Сирил Абитебул потврди дека имале разговори со Мекларен.

„Ситуацијата е јасна - имаме повеќегодишен договор со Ред Бул и Торо Росо. Искрено, отворени сме за дискусии, како што имавме со Мекларен, но би било речиси невозможно да снабдуваме повеќе од три тимови. Покрај тоа, ја цениме соработката со Ред Бул и би сакале да одиме со нив и по 2020 година“, вели Абитебул.

Најново во Авто-мото