ФРАНЦУЗИТЕ САКААТ ДА ИМААТ ПОГОЛЕМА УЛОГА

Рено: Производителите треба да ја водат Ф1

Францускиот гигант Рено верува дека производителите кои се вклучени во Ф1 треба да бидат „главните играчи" во шампионатот поради тоа што придонесуваат во спортот

објавено: 20 март 2017 - 22:00

Претседателот на Рено Спорт, Жером Стол верува дека спортот е во „нова ера“ под сопственост на „Либерти медија“, но додаде дека францускиот производител сака да има централна улога во формирањето на иднината на спортот.

„Разговаравме со Американците и им објаснивме дека мора да работиме заедно за подобрување на шоуто, бидејќи тоа ни недостасува во последно време. Мораме да отвориме нова ера во која производителите ќе го водат шоуто. Без компаниите како Мерцедес, Ферари, Хонда и Рено, кои инвестираат пари и ресурси, нема да има шоу“, вели Стол.

Најново во Авто-мото