ДОДЕКА СИТЕ ГО ЧЕКААТ ДОГОВОРОТ МЕКЛАРЕН-РЕНО

Рено сака да се раздели со Ред Бул во 2019

Рено сака да ја прекрати соработката со Ред Бул на крајот на сезоната 2018 година, објавија француските медиуми, додека сите во Ф1 ја чекаат веќе договорената соработка на Мекларен со Рено

објавено: 14 септември 2017 - 16:00

Се верува дека францускиот производител веќе не е заинтересиран да ги снабдува четирикратните шампиони поради тоа што австрискиот тим реши тимот на Торо Росо да користи мотори на Хонда од следната година. Ова, комбинирано со јавно изразената волја на Мерцедес и Ферари дека не сакаат да им даваат мотори на Ред Бул, може да го натера тимот од 2019 година да користи мотори на Рено.

Односите меѓу Ред Бул и Рено имаше големи проблеми во 2015 година, кога тимот се закани со раскинување на договорот поради слабата конкурентност, но на крајот реши последните две сезони да вози со мотори на Рено ребрендирани од нивниот нов спонзор „ТАГ Хојер“.

Интересно, Ред Бул и Хонда се веќе поврзани во Мото ГП шампионатот, а со договорот со Торо Росо, сигурно ќе постојат и финансиски бонуси заавстрискиот тим. 

Најново во Авто-мото