ГОЛЕМА САМОУВЕРЕНОСТ НА АВСТРАЛИЕЦОТ

Рикијардо би го победил Хамилтон во ист болид

Даниел Рикијардо е сигурен дека би го победил трикратниот светски шампион доколку некогаш двајцата бидат тимски колеги

објавено: 30 декември 2016 - 22:20

Хамилтон само двапати во неговата кариера е послаб од својот клупски колега, еднаш зад Џенсон Батон во Мекларен во 2012 и оваа година зад Нико Розберг, кој ја освои титулата со пет поени предност. Рикијардо ветува дека ќе го исполни договорот со Ред Бул и покрај слободното место во Мерцедес по повлекувањето на Розберг, но верува дека би бил подобар од Хамилтон.

„Секако! Тоа ме прашале неколку пати досега, кого би сакале како клупски колега и секогаш сум велел Луис. Не се сомневам во неговиот талент и брзина, но мислам дека би имале добра битка и сигурен сум дека би го победил. Не сум близок со него, но тој никогаш не кажал ништо лошо за мене. Но, нема да го повикам да се дружиме“, вели Рикијардо.

Најново во Авто-мото