ЗА ШАМПИОНОТ МИНАТОТО ТРЕБА ДА ОСТАНЕ ВО МИНАТОТО

Розберг: Хамилтон е поталентиран од мене

Нико Розберг вели дека е отворен повторно да стане пријател со Луис Хамилтон откако лани ја заврши својата кариера по освојувањето на првата светска титула

објавено: 11 мај 2017 - 22:30

Розберг и Хамилтон беа големи пријатели од детството кога се натпреваруваа во картинг-натпреварувањата и во другите мали серии, но кога станаа колеги во Мерцедес, тие станаа лути ривали и полека ја загубија меѓусебната почит.

Дури и по повлекувањето на Розберг, Хамилтон неодамна кога беше прашан што мисли за Розберг одговори: „Ништо“. Розберг не се лути и вели дека е подготвен за нова ера.

„Морав да се потпрам на успехот со апсолутна посветеност и нула компромиси. Тоа беше единствениот начин на кој можев да успеам. Да, имаше возачи кои беа поталентирани од мене во Формула 1. Можеби мојот колега. Тој е еден од најдобрите на светот и неверојатен противник. Сега поминаа пет месеци и не знам зошто не би биле пријатели повторно“, вели Розберг.

Најново во Авто-мото