По инцидентот во кој раиконен прегази еден од механичарите

Се огласи и Кими: Моја работа е да тргнам на зелено светло

Во „боксот“ на Ферари настрада еден од оние кои се задолжени за менување на гумите

објавено: 9 април 2018 - 21:40

Механичарот кој беше прегазен од болидот на Кими Раиконен во „боксот“ на Ферари, беше оперира и се чувствува добро. Несреќниот механичар имаше скршеница на левата нога и засекогаш ќе ја памти трката на Големата награда на Бахреин. Веднаш по операцијата се огласи и самиот механичар.

„Операцијата помина во ред. Сакам да им се заблагодарам на сите кои ми дадоа поддршка“, порача механичарот Франческо Цигарини. 

По инцидентот, Раиконен, мораше да ја прекине трката и остана без пласман. Финскиот возач реши да се огласи во врска со инцидентот. 

„Тоа што му се случи на нашиот механичар е несреќа. Жал ми е и се надевам дека наскоро се ќе биде во ред. Му посакувам брзо опоравување“, рече Раиконен, кој потоа додаде „Моја работа е да тргнам, штом видам зелено светло. Не сфатив дека има проблем со левиот дел од болидот. Дури потоа видов дека некој е повреден, а на радио врската му кажаа да застанам. За жал овојпат дојде до несреќа и мора да решиме зошто. Брзо да се опоравиш, мој пријател!“, додаде Раиконен. 

Најново во Авто-мото