СЕМЕЈСТВОТО ВИЛИЈАМС БЕЗ ПРЕТСТАВНИК ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА

Сер Френк Вилијамс веќе не може да патува на Ф1-трките

Сер Френк Вилијамс е добро, но веќе не може да патува на Формула 1 трките со тимот кој го основаше, Вилијамс Ф1 поради тетраплегијата (парализа на нозете и на рацете), вели неговата ќерка Клер Вилијамс

објавено: 11 септември 2017 - 22:30

Неодамна, 75-годишниот Вилијамс беше во болница поради болест, но неговата ќерка и заменик-шеф на тимот, Клер Вилијамс вели дека тој е во „добра состојба“.

„Тој е опседнат со мотоспортот. Целиот негов живот беше и уште е поврзан со Формула 1. Вистинска штета што повеќе не може да патува, но љубовта останува цел живот“, вели Клер Вилијамс во интервју за „Билд“.

Семејството Вилијамс нема да има членови на трките до крајот на сезоната, бидејќи 41-годишната Клер го чека раѓањето на нејзиниот прв син.

„Кога ќе погледнам како се смени моето семејство, жал ми е што тие не се на трките со мене. Пораснав сеќавајќи се како мама и тато беа секогаш до мене“, додава Вилијамс.

Мајката на Клер, Лејди Вирџинија Вилијамс почина во 2003 година по двегодишна борба со ракот.

Најново во Авто-мото