БРАЗИЛЕЦОТ ВО НЕВЕРУВАЊЕ

ШОК: Сакал да го посети Шумахер, но семејството на Германецот...

Бразилската легенда на Формула 1, Рубенс Барикело во емотивно интервју за „Глобо" открива дека сакал да го посети својот голем пријател Михаел Шумахер. 

објавено: 21 април 2018 - 10:30

Германецот и натаму е на домашно лекување во својот дом, по несреќата која ја доживеа пред повеќе од четири години. Јавноста нема информации околу состојбата во која се наоѓа големиот шампион на Формула 1, податок кој не е познат ниту за најблиските пријатели на семејството Шумахер.

Бразилската легенда на Формула 1, Рубенс Барикело во емотивно интервју за „Глобо" открива дека сакал да го посети својот голем пријател, но не добил дозвола.

„Се обидов да го посетам, многу пати го побарав тоа од неговата фамилија, но сите обиди завршија неуспешно. Барав дозвола од неговото семејство, но само ми одговорија: Верувај дека тоа нема да ни донесе ништо добро, ниту на тебе, ниту на нам", рече Барикело.

Најново во Авто-мото