НЕ СЕ ЗАБОРАВА ТАКА ЛЕСНО

ШУМАХЕР Е ИМЕ И ПРЕЗИМЕ: Неговото „Ферари" продадено за 7.5 милиони долари

Болидот со кој поранешниот светски првак во Форумима 1 триумфираше за последен пат на ГП на Монако е продаден на една аукција во САД за неверојатна сума...

објавено: 17 ноември 2017 - 16:00

Болидот кој го возел Михаел Шумахер на својата последна официјална трка, онаа за ГП во Монте Карло пред еден ден стана и најскапото модерно возила на Формула 1.

На аукцијата одржана во „Сотби" во њујоршкиот Менхетен, ова возило на легендарниот Германец постигнало двојно повисока цена од планираната.

Па така, наместо планираните четири, беше купено за сума од цели седум и пол милиони долари.
Со овој болид на ферари од серијата „Ф2001", Шумахер ја оствари петарта и последна победа на Големата награда на Монако во сезоната 2001. А во истата сезона Германецот девет пати поминуваше како прв низ целта, и така дојде до четвртата од вкупно седум титули колку има во Формула 1.
Во 2013 година германскиот возач доживеа несреќа на скијање, по што падна во длабока кома. Иако постепено се опоравува, сепак, 48. годишниот Шумахер сеуште е во лоша состојба.
Моментално е на лечење во Швајцарија, а дел од приходите од оваа аукција ќе биде уплатен токму во фондацијата која го носи неговото име.

Најново во Авто-мото