25 ГОДИНИ ПО ПРВАТА ПОБЕДА НА НЕГОВИОТ ТАТКО

Шуми јуниор возеше во стариот болид на Михаел

Како дел од одбележувањето на 25-годишнината од првата победа на најуспешниот Ф1 возач на сите времиња, Михаел Шумахер, неговиот 18-годишен син Мик возеше два круга на патеката Спа пред Белгиското ГП

објавено: 27 август 2017 - 13:20

Мик Шумахер беше зад воланот на болидот на Бенетон од 1994 година, бидејќи поради проблеми со осигурувањето не беше достапен болидот од 1992 година, со кој Шумахер сениор, една година по првата трка во кариерата во Спа, триумфираше на легендарната белгиска патека.

Шумахер уште се опоравува од сериозната повреда на главата при инцидент при скијање во декември 2013 година, и се нема појавено во јавност додека неговото семејство прави сè да ја задржи неговата приватност во домот во Швајцарија.

Од друга страна, Мик Шумахер полека покажува дека ја има „брзината во крвта“, откако по минатогодишното деби во малите Формула серии, оваа година настапува во Формула 4 шампионатот. 

Најново во Авто-мото