НЕИЗВЕСНА ДО САМИОТ ФИНИШ БЕШЕ ТРКАТА ВО БАХРЕИН

Со „партал“ гуми Фетел победи во Бахреин

Вистинска кулминација се случи во последниот 57 круг на патеката. Германецот ризикуваше и на крајот доби

објавено: 8 април 2018 - 18:53

Себастијан Фетел е победник на трката за големата награда на Бахреин. Во една неверојатна неизвесна трка, Фетел за само една секунда беше побрз од Ботас кој заврши на второто место, додека како трет заврши Луис Хамилтон.

Со оваа победа, Фетел и Ферари уште еднаш потврдија дека сезонава може да бидат големи ривали на Мерцедес, откако Фетел триумфираше и на првата трка во Мелбурн, Австралија.

Неверојатна беше тактиката на Ферари за триумф во Бахреин. Луѓето во италијанскиот тим тактизираа и се коцкаа, откако решија да не му менуваат гуми на Фетел по втор пат, па успеа да со еден сет на пневматици да ги извози последните 37 кругови.

„Гумите беа готови уште на 10 круга до крајот. Мама Миа. Ви благодарам момци“, рече Фетел по тимското радио, веднаш по завршување на трката во Бахреин. 

Ботас кој беше втор, успеа да ја намали разликата, се доближи на помалку од една секунда, но во последниот круг, кога се обиде да нападне, Фетел успешно се одбрани. На крајот Германецот стигна до 49 победа во кариерата на 200 старт на трка во Ф1 кариерата.

Најново во Авто-мото