ИАКО ИМА ЖЕЛБА ДА СЕ ШИРИ БИЗНИСОТ ВО САД

Сопствениците на Ф1 ги сакаат европските трки

објавено: 12 март 2017 - 22:00

Враќањето на патеката Пол Рикар во 2018 година беше еден од последните комерцијални договори потпишани од Берни Еклстоун, но од Либерти велат дека трката е доказ дека е важно да се остане во срцето на Европа со трките во Британија, Германија, Белгија и Италија.

„Секогаш има патеки кои си одат и се враќаат. Најнегативно е кога некоја традиционална трка ќе се откаже како Германија, но веќе има прогрес за нивно враќање. Пол Рикар се враќа за Франција, каде што не бевме долго време. Потеклото на Ф1 е од Франција и Англија, така што Силверстоун и француските патеки мораат да бидат тука. Тоа е добро за спортот, за фановите и за тимовите“, вели претседателот на „Либерти медија“, Грег Мафеи.

Најново во Авто-мото