БРИТАНЦИТЕ ГО УАПСИЈА ВИЏАЈ МАЛЈА

Сопственикот на Форс Индија уапсен во Лондон

Индискиот бизнисмен Виџај Малја, кој е сопственик и шеф на тимот на Форс Индија е уапсен во Лондон, потврди британската полиција

објавено: 18 април 2017 - 15:10

Тој е уапсен на барање на индиските власти кои го обвинуваат за измама. Индија бара екстрадиција на Малја поради извештаите за финансиски нерегуларности во сега непостоечката „Кингфишер ерлајнс“ авио-компанија. Покрај сопственоста на тимот од средината во Ф1, Малја има и крикет-тимови, но должи над 700 милиони долари на индиските банки.

Бизнисменот ги „направи“ своите пари со пивото „Кингфишер“, пред да го прошири бизнисот во авио-компании и Ф1 тркање. Авио-компанијата е „приземјена“ од 2012 година откако пет години беше во загуба и банките одбиваа да му дадат заеми. Индија минатиот април му го одзеде пасошот, а следниот месец почна да бара екстрадиција од Велика Британија.

Најново во Авто-мото