ТОА БИ БИЛО НАВИСТИНА ИНТЕРЕСНО ЗА ГЛЕДАЊЕ

СПЕКТАКЛ ВО НАЈАВА: Лондон влегува во Формула 1!

Техничкиот директор на Формула 1, Рос Браун, изјави дека постои можност за одржување на трка за Големата награда на Лондон!

објавено: 23 декември 2018 - 18:10

Браун додаде и тоа дека евентуалното вклучување на оваа трка во календарот на Формула 1, не би ја загрозила сегашната традиционална трка на Велика Британија на кругот во Силверстон, туку практично би била втора трка на Островот.
Секако, со забелешка дека оваа евентуална трка во Ф1 циркусот, не би се одржала во центарот на градот, затоа што тоа едноставно не е можно.

„Жителите на Лондон не би требало да се грижат дека цела недела ќе имаат затворен центар на градот. Постои опција трката да се одржи во некое од лондонските предградија. Сакаме да го видиме тој момент, Лондон да му се придружи на Силверстон, а не да го замени. Според нас, има доволно опции и двете страни да бидат задоволни" – потврди Браун за интересот на Ф1.

Во исто време кога во јавноста се појави информацијата за трката во Лондон, сопствениците на Силверстон изразија интересирање за продолжување на соработката со Ф1, затоа што нивниот важечки договор истекнува во 2019 година.

Најново во Авто-мото