ГЕРМАНЕЦОТ ИМА МНОГУ „НАВИВАЧИ“

Стјуарт би се обложил на Фетел

Ф1-легендата, Сер Џеки Стјуарт типува дека Себастијан Фетел ќе ја освои титулата оваа сезона наместо неговиот сонародник, Луис Хамилтон

објавено: 5 јуни 2017 - 21:15

Со три победи досега (Австралија, Бахреин и Монако), возачот на Ферари има 25 поени предност, или една победа, пред Хамилтон во генерален пласман, откако Скудерија конечно направи болид со кој може да им парира на „Сребрената стрела“.

„Себастијан има повеќе искуство и е посмирен од Луис. Ќе биде тешко за Луис да ја сврти ситуацијата, бидејќи кај Фетел има глад за победи“, вели Стјуарт.

Со него се согласува и уште еден поранешен Ф1-возач, Марк Зурер.

„Фетел е возач кој не се обесхрабрува со лош болид, но кога има добар болид е неверојатен. Исто така со својот фокус кон семејството, тој има помалку промени во неговата форма“, вели Зурер.

Најново во Авто-мото