ПО ОСУМ ДЕНА ВО БАРСЕЛОНА, НА 26 МАРТ СТАРТУВА НОВАТА СЕЗОНА

Тестирањето заврши, Ферари на врвот!

Кими Раиконен со своето Ферари постави најдобро време на осумте дена тестирање во Барселона, по што следува стартот на сезоната на 26 март во Австралија

објавено: 10 март 2017 - 18:30

Раиконен остана најбрз со утринското време од 1:18.634 на „супер-меки“ гуми, што претставува еден од најбрзите кругови на патеката Каталуња по ремоделирањето на патеката. Времето на Финецот беше доволно да заврши со 0.804 секунди предност пред Макс Ферстапен во Ред Бул, иако двајцата возачи имаа проблеми во попладневната сесија.

Раиконен со својот СФ70-Х болид застана на 13-тата кривина поради механички проблем, но се врати за последните 20 минути од сесијата, поминувајќи 100 кругови. Ред Бул немаа толку среќа и по дваипол часа во боксот, комплетираа најмалку кругови од сите тимови, освен од Мекларен.

Трет најбрз беше Карлос Саинц Јуниор на супер-меки гуми за Торо Росо, додека Мерцедес беа на четвртото и петтото место - Валтери Ботас за 0.005 секунди пред Луис Хамилтон.

БАРСЕЛОНА - 8.ДЕН

1.Кими Раиконен (Ферари) 1:18.634, 111 круга

2.Макс Ферстапен (Ред Бул) 1:19.438, 71 круг

3.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо) 1:19.837, 132 круга

4.Валтери Ботас (Мерцедес) 1:19.845, 53 круга

5.Луис Хамилтон (Мерцедес) 1:19.850, 54 круга

6.Нико Хулкенберг (Рено) 1:19.885, 45 круга

7.Серхио Перез (Форс Индија) 1.20.116, 128 круга

8.Џолион Палмер (Рено) 1:20.205, 43 круга

9.Ленс Строл (Вилијамс) 1:20.335, 132 круга

10.Роман Грожан (Хас) 1:21.110, 76 круга

11.Фернандо Алонсо (Мекларен) 1:21.389, 43 круга

12.Маркус Ериксон (Заубер) 1:21.670, 59 круга

13.Паскал Верлајн (Заубер) 1:23.527, 42 круга

Најново во Авто-мото