И ТОА ГО ИМА ВО АМЕРИКА

Тимберлејк ја менува сатнината на американското ГП

Организаторите на трката за Големата награда на САД го променија распоредот на акциите за саботата, со цел што поголем број на луѓе останат на концертот на Џастин Тимберлејк кој е на програмата истата вечер.

објавено: 23 јуни 2017 - 09:40

И тоа го има во Америка.

Организаторите на трката на Формула 1, за Големата награда на САД го променија распоредот на акциите за саботата, со цел што поголем број на луѓе останат на концертот на Џастин Тимберлејк кој е на програмата истата вечер.
Таа одлука ги налути тимовите, затоа што паузата помеѓу третиот тренинг и квалификациите ќе биде многу подолга.


Третиот слободен тренин на програмата е од 11. часот по локално време, а наместо квалификациите да бидат два часа подоцна, тие се поместени да се одржат со старт од 16. часот.
За барањето за промена на распоредот се расправало на состанокот на шефовите на тимовите кој е одржан во Баку. Пред неделната трка за големата награда на Азербејџан, а тоа го побарале новите сопственици на Формула 1, кои се Американци.
Тимовите се речиси едногласни во оценката дека растојанието од четири часа ќе ја поместат и онаа рутина која ја имаа веќе со години.
Покрај возачите, таа промена ќе им биде проблем и на другите членови на тимовите, кои својата работа ќе ја завршат два часа подоцна.
Инаку, саботата е единствениот ден кога механичарите имаат слободна вечер, затоа што болидите остануваат во оној специјален „бокс"откако квалфикациите ќе бидат завршени.
Исто така, постои оправдана загриженост кај оние „мали тимови", дека најголем дел од времето ќе биде искористено и за имплементирање на одредени делови кои би ги немало доколку тоа „растојание" помеѓу третиот тренинг и квалификациите е два часа.
Тимовите се загрижени дека таа промена ќе постави своевиден преседан, и дека тоа ќе биде само еден почеток на промена на распоредот.
Трката за големата награда на САД се вози на 22. октомври.

 

Најново во Авто-мото