ПРЕЗИМЕТО НОСИ ПРЕДНОСТИ, НО И ПРЕЧКИ

Уште еден Шумахер на патот до Формула 1

Давид Шумахер, 16-годишниот син на Ралф Шумахер ќе се обиде да направи кариера во Формула 1, продолжувајќи ја семејната низа

објавено: 31 август 2017 - 16:40

Тој е последен од семејството Шумахер кој сака да направи кариера во тркањето, откако следната година ќе се „тргне“ од картинг-трките да му се приклучи на братучедот Мик во германската Формула 4 серија следната година.

„Дефинитивно сакам да бидам во Ф1. Би сакал да бидам заедно со мојот братучед“, вели Давид, кој ќе вози во Ф4 тимот кој е во сопственост на неговиот татко.

42-годишниот Ралф Шумахер настапуваше за Вилијамс и Тојота пред пензионирањето во 2017 година, а неговиот син вели дека семејното име носи и „тежина“.

„Очекувањата веднаш се поголеми, посебно бидејќи и Мик е многу брз. Затоа првите неколку години се натпреварував со презимето на мојата мајка, Бринкман, за помалку притисок. Кои ми се хероите? Нормално, имам двајца. Мојот татко, и секако мојот чичко Михаел, бидејќи е најдобриот на сите времиња. Но, и татко ми беше доволно добар“, вели Давид Шумахер.

Најново во Авто-мото