УШТЕ ЕДЕН БИЗАРЕН СЛУЧАЈ ВО ГЕРМАНИЈА

Условен затвор за човекот кој се закануваше на семејството Шумахер

21-годишен Германец доби условна казна откако се обидел да ја уценува сопругата на Михаел Шумахер, Корина и се заканил дека ќе ги убие децата на седумкратниот Ф1 шампион

објавено: 18 мај 2017 - 16:45

Човекот со име Хусеин Б., признал дека барал 900.000 евра од Корина Шумахер и дека се заканувал дека ќе ги убие нејзините деца, Џина-Марија и Мик. Една од заканите била насочена посебно кон Мик Шумахер, кој ја започна кариерата во Ф4 серијата.

„Ако парите не ги добијам до 31 март, вашите деца ќе бидат убиени. Во Формула 4 се случуваат многу незгоди“, напишал човекот во електронската порака.

Ова веднаш било пријавено во полицијата, која подоцна утврдила дека истиот човек се обидел да го уценува сопственикот на рент-а-кар компанијата „Сикст“. Тој доби условна казна од 1 година и 9 месеци, и мора да оди на психијатриско лекување.

Најново во Авто-мото