ПОЧНАА ПРОГНОЗИТЕ ПРЕД НОВАТА СЕЗОНА

Вебер: Ботас и Раиконен не се дораснати за титула

Поранешниот Ф1 возач, Марк Вебер вели дека борбата за титулата во 2017 ќе биде меѓу три тима - Мерцедес, Ферари и Ред Бул, но не сите возачи на овие тимови ќе бидат во неа

објавено: 19 март 2017 - 21:34

Вебер смета дека во борбата за круната ќе се Луис Хамилтон, Себастијан Фетел и двајцата возачи на Ред Бул, Даниел Рикијардо и Макс Ферстапен. Мерцедес ја почнуваат сезоната како фаворити со Хамилтон и со новиот возач Валтери Ботас, кој доаѓа од Вилијамс како замена за пензионираниот светски шампион Нико Розберг.

„Прво, жал ми е што ја почнуваме сезоната без светскиот шампион. Нико реши да ужива во своето семејство, пријателите и забавата која не се наоѓа во Формула 1. Бидејќи и јас сега водам таков живот, го разбирам. Борбата за титулата затоа ќе биде меѓу Хамилтон и Фетел, но и Рикијардо и Ферстапен. За Ботас не сум сигурен дека е подготвен за такво нешто“, вели Вебер.

Најново во Авто-мото