ПОРАНЕШНИОТ МЕНАЏЕР НА СЕДУМКРАТНИОТ Ф1 ШАМПИОН ВЕЛИ

Вебер: Фановите треба да ја знаат вистината за Шумахер

Според Вили Вебер, сите симпатизери на некогашниот германски Ф1 возач треба да добијат вистински информации за неговата состојба

објавено: 17 октомври 2017 - 21:55

Поранешниот менаџер на легендарниот Ф1 возач, Михаел Шумахер, Вили Вебер, повторно ги повика одговорните да излезат и јавно да откријат во каква состојба се наоѓа седумкратниот светски шампион. Веќе четири години не се открива во каква состојба е германскиот возач, кој настрада на скијање на Алпите. 

„Сметам дека е исклучително нечесно кон фановите на Михаел Шумахер, да не знаат ништо околу неговото здравје и состојбата во која се наоѓа. Зошто да не се каже вистината?“, се прашува Вебер. 

Последните информации поврзани со Шумахер е тоа дека семејството решило да го испрати Германецот на лекување во Тексас, САД. Тоа се најавува дека е последната надеж дека Шумахер може да најде подобрување на состојбата во која се наоѓа. 

 

Најново во Авто-мото