ПОСЛЕ ЦЕЛИ 32 ГОДИНИ...

ВЕЌЕ НЕМА ДИЛЕМИ: Алфа Ромео се враќа во Ф1

Познатиот автомобилски бренд се враќа во најбрзиот циркус по подолга пауза, а во наредната година ќе почне како партнер на Заубер, со самото тоа и со Ферари.

објавено: 29 ноември 2017 - 21:30

Алфа Ромео се враќа во светот на Формула 1. Во наредната сезона влегува во Заубер, каде ќе се комплетира тимот Алфа Ромео Заубер Ф1 тим. Договорот би требало да вклучува стратешка, комерцијална и технолошка соработка, како и во доменот на инженерскиот и технички персонал.

До овој договор доаѓа со посредство на првиот човек на Ферари, Серџо Маркјоне, што е во духот на долгогодишната соработка на двата тима.

„Овој споразум со Заубер ќе ни овозможи значаен исчекор кон освежување на брендот Алфа Ромео кој се враќа во Формула 1 после повеќе од три децении. Како значајна марка која помиогна да се креира славната историја на овој спорт, Алфа Ромео ќе им се придружи на многу авто гиганти кои учествуваaт во Форmула 1"- вели Маркјоне.

Последен пат Алфа Ромео учествуваше во „најбрзиот циркус" на светот уште во 1985 година, а најславните денови ги имаше во 1950 и 1951 година кога за нив возеа Нино Фарина и Хуан Емануел Фанџо кои ги освоија и шампионските ловори во тие години.

 

Најново во Авто-мото