ВОЗАЧОТ НА ЗАУБЕР НЕ СЕ ОПОРАВИ ОД СУДИРОТ ВО ЈАНУАРИ

Верлајн го пропушта првиот тест

Возачот на Заубер, Паскал Верлајн ќе го „прескокне" првиот тест од зимската сезона во Барселона, во обид да се опорави од повредата на грбот

објавено: 16 февруари 2017 - 16:17

Според „Аутоспорт“, третиот возач на Ферари, Антонио Џовинаци ќе биде негова замена во тимот на Заубер, откако Германецот се повреди при превртување на својот автомобил на Трката на шампиони на Флорида во јануари.

По неколку тестови, Верлајн добил совет да направи подолга пауза, и тој нема да биде во болидот за тестот од четири дена кој почнува на 27 февруари.

Се очекува Заубер да потврдат дека Германецот се враќа во болидот пред вториот тест од пред-сезоната, кој почнува на 7 март.

Најново во Авто-мото