Заврши како четврти но ја грабна титулата

Верстапен победи во Мексико, Хамилтон стана шампион!

Со петтиот успех Британецот се израмнува со легендарниот Фанџо, а пред него останува Михаел Шумахер со 7 титули.

објавено: 28 октомври 2018 - 22:11

Луис Хамилтон ја освои петтата титула светски шампион во Формула 1, откако на вечерашната трка за ГН на Мексико стигна до четвртото место и веќе има недостижна предност пред конкурентот, Себастијан Фетел.

Иако прв заврши Верстапен, аФетел финишираше на второто место, Хамилтон дојде до потребниот број на бодови за пред време да ја прослави новата шампионска титула, која веќе го става во редот на најдобрите светски возачи. Со петтиот успех Британецот се израмнува со легендарниот Фанџо, а пред него останува Михаел Шумахер со 7 титули.

На денешната трка Хамилтон имаше проблеми со гумите и не сакаше да влезе во сериозна битка со конкурентите, па логично остана малку подалеку од битката за победата, но затоа успеа да си осигура бодови за нова шампионска титула.

За Верстапен ова е втора победа на Мексиканското ГП едноподруго, откако триумфираше и минатата сезона. 

Најново во Авто-мото