МАЛА УТЕХА ЗА ГЕРМАНЕЦОТ ОД ФЕРАРИ

Верстапен призна дека е виновен за сударот, кое фајде е тоа за Фетел

На 13 круга до крајот, Макс се обиде да го претекне лидерот Себастијан, но наместо тоа, предизвика судар од кој штета имаа двајцата возачи

објавено: 15 април 2018 - 14:29

Макс Верстапен призна дека е виновен за сударот кој го имаше со Себастијан Фетел на денешната трка за Големата награда на Кина. Фетел беше лидер на трката, кога на 13 круга до крајот, тогаш второпласираниот Верстапен се обиде да го претекне Германецот. 

Сепак, наместо претекнување, Верстапен на еден свиок успеа да го удри Фетел и болидите на двајцата возачи се извртеа. Холанѓанецот имаше нови гуми, беше многу побрз, но сепак одбра лош момент за да го помине Фетел. 

„Видов дека Себастијан има проблеми со гумите и се обидов да го поминам на свиокот. Сепак, тогаш ми блокираа моите задни тркала и го удрив. Се разбира дека тоа беше моја грешка. Жал ми е бидејќи не ми беше тоа намерата“, рече Верстапен кој сезонава собра вкупно 18 поени од првите три трки. 

Фетел кој победуваше на првите две трки од сезоната, по сударот со верстапен, ги загуби шансите за „хет-трик“ на стартот од новото првенство.

По сударот на двајцата водечки, шансата ја искористи Даниеле Рикардо кој се искачи највосоко на победничкиот пиедестал.

Најново во Авто-мото