ПОЛЈАКОТ ИМА УШТЕ ЕДНА ОПЦИЈА

Вилијамс потврди интерес за Кубица

Тимот на Вилијамс потврди дека е заинтересиран да го донесе Роберт Кубица во 2018 година, доколку Полјакот е способен за вистински кам-бек

објавено: 25 септември 2017 - 20:06

Кубица доживеа тешка несреќа во рели трка во 2011 година, по што се прекрати неговата ветувачка Ф1 кариера поради слабата подвижност на десната рака, но оваа година тој двапати тестираше со тимот на Рено, импресионирајќи со своите времиња.

Неговите шанси за кам-бек во Рено завршија откако францускиот тим реши да го ангажира Карлос Саинц Јуниор од Торо Росо како партнер на Нико Хулкенберг во 2018 година.

Ленс Строл би останал во Вилијамс како долгорочна инвестиција на тимот, но Фелипе Маса, кој беше повикан да се врати уште една сезона по заминувањето на Валтери Ботас во Мерцедес, неодамна изјави дека треба да има подобрувања да остане уште една година. Покрај Маса и Кубица, во игра е уште и резервниот возач на тимот, Пол ди Реста.

„Размислуваме за повеќе возачи за 2018 година, но да, вистина е дека Кубица е еден од нив. Деталите нема да ги објавуваме сега“, вели портпаролот на тимот.

Нико Розберг, кој претходно возеше за Вилијамс до 2006 до 2009 година, неодамна му стана менаџер на Кубица за да помогне во обидот да се врати во Формула 1.

Најново во Авто-мото