АНГЛИСКИОТ ТИМ ПОЛЕКА ГИ ОТКРИВА „КАРТИТЕ“

Вилијамс први го покажаа болидот за 2017

„Аутоспорт" ја имаше честа прв да ги објави фотографиите од новиот болид на тимот на Вилијамс, ФВ40

објавено: 17 февруари 2017 - 16:35

Оваа година се одбележува 40-годишнината на славниот британски тим (и затоа болидот носи име ФВ40), и е прв болид направен со новите аеродинамички правила во спортот.

Најавата за тоа што може да се очекува од правилата дојде на минатогодишното тестирање со Пирели, каде што се користеа болиди од 2015 на Мерцедес, Ферари и Ред Бул, меѓутоа Вилијамс се први кои откриваат како навистина ќе изгледа дизајнот и најголема промена е во редизајнираното задно крило. На предниот дел, дизајнот на носот исто така е исклучителен, и наликува на дел од болидите од 2014.

Британскиот тим ја започнува сезоната со дебитантот Ленс Строл и повратникот во тимот Фелипе Маса, кој прво се пензионираше на крајот на 2016, пред да одлучи да вози уште една година откако Валтери Ботас замина во Мерцедес.

Најново во Авто-мото