ВО НАЈАВАТА ЗА Ф1 СЕЗОНАТА

Вилијамс со Рокит во името и нови бои (ФОТО)

Тимот во претстојната сезона ќе биде Рокит Вилијамс рејсинг, а зад воланот се повратникот Роберт Кубица и дебитантот Џорџ Расел.

објавено: 11 февруари 2019 - 22:30

Вилијамс е третиот тим (по Торо Росо и Хас) кој го претстави својот болид и тимот за новата сезона во Формула 1.

На презентацијата тимот го претстави својот нов спонзор, британската компанија за паметни телефони, Рокит, што е и причината за корекцијата во името, па така во новата сезона ќе се именуваат како Рокет Вилијамс рејсинг.

Повратникот во Ф1, Полјакот Роберт Кубица и дебитантот, Џорџ Расел се возачите кои ќе ги гледаме во новиот болид, во кој има и микс на бела и светло сина боја, а не како досега, само доминантно бела.

Претставувањето на болидот е во пресрет на тест-возењата следата недела во Барселона.

Најново во Авто-мото