КРИТИКИ ЗА СИТУАЦИЈАТА ВО СКУДЕРИЈА

Во Ферари „царува“ стравот, вели поранешниот шеф

Ферари веќе не се Формула 1 тим, туку „група исплашени луѓе", смета поранешниот главен инженер, Лука Балдисери

објавено: 12 октомври 2016 - 20:30

Италијанскиот тим повторно има тешка сезона откако најавите беа дека ќе се победува и ќе се биде прв предизвикувач на Мерцедес, а сега се заостанува и зад тимот на Ред Бул. Балдисери, кој замина минатата година, вели дека луѓето во тимот живеат во состојба на постојан страв.

„За жал, ниту претседателот Серџо Маркионе, ниту шефот на тимот Маурицио Аривабене немаат искуство во тркањето, и таа култура на тркање е загубена во Скудерија. Тие веќе не се тим, туку група исплашени луѓе. Момците не сакаат да ризикуваат од страв да не бидат срамно отпуштени“, вели Италијанецот, кој исто така ја водеше  младинската академија на Ферари.

Најново во Авто-мото