ШПАНЕЦОТ ДЕФИНИТИВНО НЕ Е СРЕЌЕН

Во Мекларен несигурни за иднината на Алонсо

Околу иднината на Фернандо Алонсо постоеја многу шпекулации и лани, но тие се интензивираа откако Мекларен-Хонда повторно имаше сериозни проблеми на почетокот на зимското тестирање

објавено: 6 март 2017 - 21:00

Со најновите грижи околу перформансите и постојаноста на моторот на Хонда, шефот на Мекларен, Ерик Булие признава дека Фернандо Алонсо не е задоволен, но додава дека тоа не значи дека тој ќе си замине од тимот.

„Уште по шест месеци со Мекларен сите велеа дека е трагедија и дека тој си заминува, но сега ја почнува третата сезона кон нас. Природно, не е среќен бидејќи сака да се бори за победи. Но, иако тимот работи како луд, во моментов не сме подготвени да му ја дадеме таа можност и не знам што ќе направи утре. Ние треба да го кренеме Мекларен на нивото кое е потребно поради историјата на тимот. Со Алонсо зборуваме искрено и не му ветуваме нешто што не можеме да го исполниме. Тој ја знае ситуацијата точно и прецизно“, вели Булие.

Најново во Авто-мото