ПРЕД СТАРТОТ НА НОВАТА СЕЗОНА

Во Мерцедес се упорни - ривалите се многу поблиску

Новите правила во Формула 1 се „точно тоа што беше потребно" на спортот иако ривалите се поблиску до доминантниот Мерцедес, вели шефот на тимот, Тото Волф

објавено: 20 март 2017 - 17:00

Австриецот пред стартот на сезоната во недела во Мелбурн, смета дека Мерцедес, кои апсолутно доминираат последните три сезони ги очекува голем предизвик.

„Имавме неверојатен успех во последните три години поради стабилните правила, но ниту еден тим не го задржа успехот при толку големи промени на правилата. Таков предизвик е добар за тимот. Завршивме најдобра можна работа, и ако не сме најбрзи во Мелбурн, тогаш ќе имаме многу работа“, вели Волф.

Букмејкерите не се согласуваат. „Вилијам Хил“ го смета Луис Хамилтон за апсолутен фаворит во Мелбурн со 10/11 коефициент, Себастијан Фетел во Ферари е втор со 7/2, а колегата на Хамилтон, Валтери Ботас е трет со 6/1.

„Веруваме дека повторно ќе имаме доминација на Мерцедес, но оставаме простор Австралиското ГП како и секогаш да донесе изненадувања“, вели портпаролот на обложувалницата, Руперт Адамс.

Најново во Авто-мото