А МОЖЕШЕ ДА БИДЕ И ПОИНАКУ...

Волф барал место за Ферстапен во Мерцедес

Шефот на Мерцедес, Тото Волф открива дека бил приморан да го пушти Макс Ферстапен да оди во Ред Бул бидејќи немало шанси „Сребрената стрела" да ги исполни барањата на младиот Холанѓанец и неговиот татко Јос Ферстапен

објавено: 21 декември 2016 - 21:30

Австриецот признава дека во Мерцедес немало место за млад возач во тој момент.

„Тој беше исклучителен во картинг-трките, по што победи во Формула 3 со инфериорен болид. Но, вистинскиот тест е Ф1 и сега го гледаме резултатот. Но, едноставно немавме место за него и Ред Бул беше негова најдобра опција. Не сум разочаран од ништо во минатото, но навистина знаевме што може Ферстапен. Со Луис Хамилтон и  Нико Розберг го имавме совршеното партнерство и беше логично тоа да остане“, вели Волф во интерјву за германскиот „Ескпрес“.

Ред Бул го „грабнаа“ Ферстапен во својата јуниорска програма, финансирајќи го вториот дел од Ф3 сезоната во 2014, и давајќи му место во Торо Росо во 2015. Оваа година тие го промовираа во тимот на Ред Бул. Волф вели дека е одлично што има толку добра генерација на тинејџери.

„Можеби новата генерација е поинаква. Имаше време кога парите носеа место во Ф1, но сега е малку поинаку. Не се само Ред Бул со јуниорска програма. Ние имаме пет-шест млади луѓе кои имаат огромен потенцијал“, вели Волф.

Најново во Авто-мото