ШЕФОТ НА МЕРЦЕДЕС НЕ Е ЗАДОВОЛЕН

Волф до Еди Џордан: Доста шириш „лажни вести“

Шефот на Мерцедес, Тото Волф вели дека сака коментаторот на британската „Канал 4" и поранешен шеф на Ф1-тим, Еди Џордан да престане да шири „лажни вести" за иднината на „Сребрената стрела" во спортот

објавено: 3 јули 2017 - 08:00

Џордан постојано изразува сомнеж во долгорочната посветеност на Мерцедес во Формула 1, посочувајќи дека главните спонзори на тимот ќе заминат наскоро. Во Баку, тој прогнозираше дека кинескиот конзорциум кој ќе влезе во Ф1 може да го купи тимот на Мерцедес, кој претходно беше познат како БАР, Хонда и Браун пред откупот од германската компанија во 2010.

Волф вели дека овие коментари поставуваат сомнежи кај вработените во тркачкиот тим и во фабриката за мотори во Бриксфорт.

„Му кажав дека сум подготвен за било каков разговор со Еди. Но, не се смеам кога се работи за шеги на грбот на 1.500 вработени кои се грижат за својата иднина. Тоа е сериозна тема. Ние не заминуваме од Ф1, ниту еден од нашите спонзори не заминува. Тој треба да престане да ги става овие шпекулации, овие лажни вести во светот“, вели Волф.

Најново во Авто-мото