ВО МЕРЦЕДЕС НЕМА ДА ГО „СКРОТУВААТ“ БРИТАНЕЦОТ

Волф: Некогаш ни побелува косата од Хамилтон

Шефот на Мерцедес, Тото Волф признава дека понекогаш е вистински предизвик да се „ракува" карактерот на Луис Хамилтон, но додава дека британскиот возач е „бесценет" за неговиот тим

објавено: 26 септември 2017 - 19:51

Трикратниот светски шампион е познат по неговите настапи на социјалните медиуми за различни теми - од мода, преку вегетеријанска исхрана, до политика, како што неодамна застана во одбрана на НФЛ играчите во конфликтот со американскиот претседател Доналд Трамп.

„Ако сака да вози автомобил на Ферари, тој вози автомобил на Ферари. Не можеме да го ставиме во кафез. Понекогаш ни ја победлува косата, но во тежок ден тој е човекот кој сакате да го имате во својот болид“, вели Волф.

Хамилтон на почетокот на кариерата имаше проблеми со тогашниот „ригиден“ шеф на Мекларен, Рон Денис околу неговото однесување, меѓутоа тоа се смени во „Сребрената стрела“. Шефот на маркетинг на Мерцедес, Јенс Тајмер вели дека нема проблем со однесувањето на Хамилтон.

„Не сакаме марионети или роботи како наши амбасадори. Некои личности се потешки за ракување, но мислам дека премногу правила може да направат обратна ситуациј„а. Возачите треба да знаат кој бренд го претставуваат, но треба да ги оставите да бидат сопствени личности“, објаснува Тајмер.

Најново во Авто-мото