КОГА ПОМИНА „ЗЛАТНАТА ЕРА“?

За Алонсо, Формула 1 го помина „врвот“

Двократниот светски шампион Фернандо Алонсо тврди дека Формула 1 веќе го помина својот „врв" во првата деценија од 21. век

објавено: 8 јануари 2017 - 21:00

Според Алонсо, кој одамна зборува дека заминува во пензија ако болидите за 2017 година не се доволно добри и возбудливи, вели дека се пред тој и по тој период е „досадно“ ако се гледа објективно.

„Многу големи производители дојдоа во Формула 1 во 2000-тите - БМВ, Тојота, Хонда... И донесоа многу луѓе. ТВ-личности, гледачи... Се беше на максимум. Го отворивме пазарот на нови места како Кореја, Индија, Сингапур, имаеш две трки во Шпанија. И тоа беше максимумот“, вели Алонсо во интервју за „Аутоспорт“.

Тој не се согласува со „консензусот“ дека 1980-тите и 1990-тите беа „златниот“ период на Формула 1, објаснувајќи дека тие децении би биле досадни ако се гледа објективно.

„Формула 1 тогаш беше многу досадна. Ако сега седнете да гледате трка од 1985, 1988 или 1992 година, ќе ја преспиете трката бидејќи имате два Мекларени, четвртиот на трката заостанува цел круг и има 25 секудни меѓу секој болид. ТВ-гледачите сега се намалуваат бидејќи е слично како во тие досадни години во 1980-тите, кога Сена и Прост штедеа гориво, штедеа гуми и такви работи“, вели возачот на Мекларен.

Најново во Авто-мото