„ЕДЕН-ДВА“ ПОБЕДА НА „МЕРЦЕДЕС“ НА ПОСЛЕДНАТА ТРКА, ВО ОАЕ

ЗА КРАЈ НА СЕЗОНАТА: Победа на Ботас

Возачот на Мерцедес Валтери Ботас победи на Големата награда на Абу Даби, последна трка во оваа сезона од Формула 1 шампионатот која се возеше на патеката „Јас Марина" во УАЕ.

објавено: 26 ноември 2017 - 17:35

Последна трка и премалу возбудувања... вака некако протекна возењето на патеката „Јас Марина" во Абу Даби каде беше ставен крајот на оваа сезона во Формула 1 шампионатот.

Со оглед на тоа дека прашањето кој е новиот светски шампион беше решено од порано, трката не предизвика преголем интерес и не донесе големи взбудувања.
Макар што новиот светски првак даде посебен „придонес" во успехот на Валтери Ботас кој помина како прв на патеката во Абу Даби.

„Сребрената стрела" имаше „еден-два" победа за крај, а како третопласиран, симболично, на пиедесталот се најде Себастијан Фетел. Германецот заостана повеќе од 19. секунди со кои помина пред клупскиот колега од Ферари, Кими Раиконен.
Инаку оваа трка беше и последната во кариерата на Фелипе маса. Бразилецот се прости со возењето во Формула 1. Во „најбрзиот циклус на светот" беше цели 16 сезони.
На крајот, во поредокот за светскиот трон, Хамилтон собра 363 бода, додека пак Себастијан Фетел заостана на 317.
Трет во генералниот пласман е токму Ботас со 305 бода, додека четврти е Кими Раиконен со 205, со кои го симна од тоа место Рикијардо кој има пет помалку.
Наредниот шампионат во Формула 1 ќе стартува на 25.март 2018 година, со трката за Големата награда на Австралија во Мелбурн.

Најново во Авто-мото