РЕШЕНИ ЛИ СЕ ДИЛЕМИТЕ ВО БРИТАНСКИОТ ТИМ?

За Вилијамс ќе вози Сироткин, нема камбек за Кубица?

Русинот се издвоил како главен кандидат за место на втор возач во славниот тим, додека пак тоа е крај за надежите на Пољакот дека може да направи „камбек" во Формула 1...

објавено: 12 декември 2017 - 22:45

Сергеј Сироткин најверојатно ќе биде вториот возач на Виоијамс за следната гран при сезона во Формула 1.

Во текот на минатата недела британскиот тим ги анализираше сите податоци кои се собрани за време на тестирањето на болидите во Абу Даби, каде за Вилијамс тестираа Сироткин, Кубица и Ленс Строл, кој има сигурно место во сезоната која следува.

Се чини дека во последните неколку седмици Роберт Кубица беше во прв план за тоа второ место во болидите на Вилијамс. Но тестирањата во Абу Даби покажаа дека Сироткин има предност во однос на Кубица, односно дека тој покажал многу повеќе на патеката.
Затоа не чуди што преговорите со младиот руски возач се во поодмината фаза. Остану да се решат уште некои детали.
Извесно е дека со себе во тимот Сироткин ќе донесе и богати спонзори, вклучително и СМП Банката која ја основа Борис Ротенберг, близок соработник на претседателот на Русија, Владимир Путин.
Во некое друго сценарио, односно Сироткин да остане надвор од игра, во тој случај како резервна опција стои Данил Квјат, некогашен возач на Ред Бул и на Торо Росо.

Најново во Авто-мото