КОЈА Е ТАЈНАТА НА БРЗИОТ ИТАЛИЈАНСКИ БОЛИД

Засега, само обвинувања за нелегалноста на Ферари

Фантастичната брзина на болидот на Ферари нормално носи обвинувања за нелегалност на дизајнерските решенија на италијанскиот тим

објавено: 18 април 2017 - 22:35

Советникот на Ред Бул, Хелмут Марко најави дека има видео-снимки на кои се забележуваат подвижните аеродинамички елементи, кои се на подот на болидот, меѓутоа подоцна кога беше запрашан дали тие официјално ќе се жалат за ова, тој ја отфрли можноста.

„Од нас нема ништо. ФИА се полицијата во Формула 1“, изјави Марко.

Според германскиот „Ауто мотор унд спорт“ и нивниот експерт, поранешниот Ф1-возач, Марк Зурер, се работи за „умно наоѓање на дупка во правилата“.

„Постојат успорени снимки од тестирањето во кои се гледа како подот на болидот на Раиконен се движи“, вели еден аноминен инженер за „Ауто мотор унд спорт“.

Најново во Авто-мото