И ВО ФОРМУЛА 1 РАБОТНАТА СИЛА Е НАЈВАЖНА

Заубер ќе бара 100 нови работници!

Тимот на Заубер планира да вработи уште најмалку 100 луѓе во обид да се врати во „средината" на Формула 1 во 2018 година, вели шефот Фредерик Васер

објавено: 10 септември 2017 - 22:00

Тој го презеде тимот од Мониша Калтенборн откако добија нови сопственици, и во моментов работната сила од 320 луѓе е едноставно премала за голем тим. Васер вели дека фокусот ќе биде на вработување на луѓе специјализирани за аеродинамика.

„Бројката е едноставно премала. Мораме да растеме, и тоа да растеме во секој оддел, најмногу во аеродинамиката. Мислам дека околу 400 луѓе ќе биде главната цел. Кога заминав од Рено лани имавме 470 вработени, а сега се над 600. Силата на е во бројките, но мора да ги најдете вистинските луѓе и да ги поставите на вистинското место“, вели Васер.

Најново во Авто-мото