МЕКЛАРЕН ДОБИВААТ „ПАРТНЕРИ“?

Заубер преговарале со Хонда за 2018

Хонда и Мерцедес се кандидатите да бидат снабдувачи на Заубер со мотори во 2018 година, доколку се реши да се раздели со Ферари, призна шефот на тимот, Мониша Калтенборн

објавено: 31 март 2017 - 19:45

Освен четирите години во сопственост на германскиот БМВ од 2006 до 2009 година, швајцарскиот тим вози со мотори на Ферари од 1997 година. Заубер прво беше споменуван како втор тим на Хонда минатата година, но шпекулациите велеа дека Мекларен ставил вето на овој договор.

„Сè што можам да ви кажам е дека имавме преговори со Хонда. Но, нашата ситуација со моторите е отворена и имаме неколку опции. Наскоро ќе донесеме одлука за да имаме време за развој“, вели Калтенборн.

 

Најново во Авто-мото