ТОА Е ТОА, ДОЈДЕ КРАЈОТ

ЗБОГУМ ОД АЛОНСО: Којзнае, можеби ќе се вратам, како турист!

Со трката во Абу Даби, двократниот светски првак, Фернандо Алонсо ја заврши кариерата во Формула 1.

објавено: 26 ноември 2018 - 10:30

Во својата последна трка, славниот Шпанец заврши на 11. место, и тоа во болидот на Мерцедес.

"Ова ќе биде еден убав спомен, за се што доживеав во Формула 1. Ова беше едно фантастично патување на кое тргнав како многу мал. Доаѓам од земја која нема претеран успех во Формула 1, мојот татко не беше возач, затоа сум горд на сето она што го направив. Можеби еднаш ќе се вратам, како турист, или како коментатор" - рече Алонсо непосредно по последниот извозен круг во кариерата.

Новинарите пак не пропуштија прилика да го запрашаат Шпанецот дали постои било каква шанса да се врати во болидот на Формула 1?

„Не знам, се што сега ми е потребно е одмор. Мора да се соочам со некои нови предизвици. Сакам трипла-круна. Ќе видиме како ќе се чувствувам во 2020 година. Можеби ќе посакам повторно да возам цела сезона, можеби во Инди или во Формула. Можеби нема да сакам да се вратам воопшто"- дополни Алонсо.

За 17 години поминати во Формула 1, Алонсо два пати ја освои шампионската титула. Имаше и 32.победи, имаше и 97. подиуми, а на пол-позицијата беше 22 пати.

Најново во Авто-мото