ДОБИ И ТРЕТ МАНДАТ

Жан Тод ќе ја води ФИА до 2021

Французинот по трет пат е избран за претседател на меѓународната автомобилистичка федерација.

објавено: 8 декември 2017 - 15:50


На чело на ФИА, Жан Тод е уште од 2009 година. И нема намера да си замине од тоа место, прво во автомобилистичкиот спорт.
Французинот доби нов, четиригодишне мандат, кој според правилата на федерацијата ќе биде и последниот на таа функција за него, затоа што ограничувањето е поставено на три мандати, или 12 години „стаж".

„Им се заблагодарувам на сите за подршката. Ова е потврда дека под мое водство ФИА напредувала, и ова е еден потстрек да продолжам со прогресот на федерацијата " – порача Тод.

Главните цели на ФИА во наредниот период ќе биде подобра интеракција со клубовите, иновација и развивање на јаки мрежни системи во мотоспортот, како и унапредување на сигурноста на патеките во сите категории.

Најново во Авто-мото