ФИНСКАТА ФОРМУЛА 1 ЛЕГЕНДА

Хакинен: Заборавете на Хамилтон, Фетел е поблиску до Шумахер!

Легендарниот поранешен пилот во Формула 1 Мика Хакинен смета дека Себастијан Фетел со својот стил на возење се доближува повеќе до седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер во споредба со сегашниот лидер на табелата Луис Хамилтон.

објавено: 2 август 2018 - 21:50

Фетел и Хамилтон повторно се двајцата главни претенденти за титулата во Ф1 оваа сезона, како и Ферари и Мерцедес кај конструкторите. Германецот не се снајде најдобро на патеките во Германија и Унгарија, па Хамилтон моментно има 24 поени предност на врвот во оваа летна пауза.

За големите ривали се знае дека имаат различни идоли на кои се восхитувале во своите тинејџерски години. Во 2018-та ќе се утврди кој од двајцата ќе дојде до петтата светска титула и ќе се доближи до Шумахер на вечната листа.

Ако трофеите се остават настрана, тоа за Хакинен не останува простор за сомнеж кој од двајцата повеќе се доближува до конкурентот од блиското минато. Финецот повеќе го преферира стилот на возење, а на Фетел смета дека е уникатен. Постојат сличности со легендарниот возач Михаел Шумахер.

„Себастијан е фокусиран на сопирачките на едно исто место, секогаш истата траекторија, забрзува многу чувствително и целосно ја има контролата. Зборуваме за еден многу добар, јасен, чист и агресивен стил.

Луис секогаш се обидува да биде поекстремен. Многу е контролиран, но во исто време ја преминува границата и ризикува повеќе. Неговите одлуки се свесни. Ако не излезе надвор од патеката, тоа е еднакво на одличен настап. Можеш да си дозволиш ризик, но не цело време, бидејќи порано или подоцна ќе завршиш надвор од трката", вели Хакинен.

Најново во Авто-мото