Македонски Мотокрос Шампионат

Бузалковски вистинско изненадување во класата МХ опен

На првата трка која се одржа на патеката „Лагово" кај Прилеп во организација на мото клубот „Ноќни волци" во соработка со екстрим клубот „Сторм Рајдерс" мотокросистите од Ендуро Тим Водно Скопје беа успешни речиси во сите класи.

објавено: 12 јуни 2018 - 17:00

На првата трка која се одржа на патеката „Лагово" кај Прилеп во организација на мото клубот „Ноќни волци“ во соработка со екстрим клубот „Сторм Рајдерс“ мотокросистите од Ендуро Тим Водно Скопје беа успешни речиси во сите класи.


Во класата MX2 Христиан Станковиќ убедливо и речиси без конкуренција победи во двете трки,а Виктор Караколев заврши на четврттата позиција. Во класата MX3 Диме Цветков ја освои третата позиција.

Најголемото изненадување го приреди дебитантот Христијан Бузалковски во класата MX Open каде во двете трки го освои првото место, а Владимир Димов деветтото место.
Оваа трка е прва трка после неколку години која ке се бодува за Македонскиот Мотокрос Шампионат..

Најново во Авто-мото