КОЈ ЧЕКА, ЌЕ ДОЧЕКА...

ЧЕКАА 11 ГОДИНИ: Спектаклот во Брно за Довициозо и Дукати

Возачот на Дукати Андреа Довициозо славеше на трката за Големата наград на Чешка, пред тимскиот колега Хорхе Лоренцо и водечкиот во генералниот пласман, Марк Маркез на Хонда...

објавено: 5 август 2018 - 15:18

Вистински спектакл во Чешка, поточно кажано во Брно приредија возачите во кралската класа на Мото ГП шампионатот.

Навистина, на крајот славеше човекот кој ја имаше пол-позицијата, но далеку од тоа дека трката за него беше едноставна.

Половина од неа ја помина во трка со Валентино Роси, кој имаше сјаен старт и премина на првото место. Двајцата Италијанци долго време се бореа за истата позиција, за онаа третата пак во играт беа Маркез, Лоренцо и Крачлоу.
На 12 круга пред крајот на трката, Роси по втор пат изби на чело на караванот. Но Дукати покажа сила, и два круга подоцна Довициозо се врати на најдоброто место во трката, иако до финишот само уште еднаш, и тоа за кратко, му ја препушти на Хорхе Лоренцо.
Тоа беше и пресудниот за позициите на подиумот, затоа што Роси беше поминат и од Маркез, Крачлоу и Лоренцо, за Крачлоу да не го издржи тоа високо темпо на возење од фаворитите.
И покрај тоа што имаше проблеми со гумите, особено во вториот дел од трката, Роси заврши како четврттопласиран, и ги донесе единствените бодови за Јамаха, откако Маверик Вињалес се откажа уште на почетокот на трката.
Сепак, Маркез може да биде задоволен со направеното на својата стотта трка со оглед на тоа дека ја зголеми предноста во генералниот пласман во однос на второпласираниот Роси.
Шпанецот и понатаму е број 1 со 181 бод, Роси има 132, додека Довициозо се проби на третото место со 113.бода.

Најново во Авто-мото